БАБУНСКИ: НЕ ОЧЕКУВА ТЕЖОК НАТПРЕВАР ПРОТИВ НОРВЕШКА, НО СЕ ЗАВИСИ САМО ОД НАС
Македонската репрезентација до 21 година ги одработува последните подготовки пред натпреварот со Норвешка од квалификациите за Европското првенство 2015 година. Селекторот на нашиот национален тим, Бобан Бабунски истакува дека дуелот со Норвешка е многу важен за евентуалниот напредок на Македонија во тековните квалификации. Поради заработени два жолти картони пресметката со скандинавската селекција ќе ја пропушти Мартин Блажевски, во составот на Македонија се враќа Александар Дамчевски. -Мислам дека имавме многу позитивни работи во нашата игра против Азербејџан, бевме паметни, не му дозволивме на противникот да ја наметне својата игра. По двата гостински натпревари во кои покажавме одредени недостатоци, сега се гледа голем напредок во играта на Македонија. Мислам дека сме на добар пат да оствариме позитивен резултат и против Норвешка. По одработените тренинзи впечатокот е позитивен. Работевме напорно, ја анализиравме играта на Норвешка од претходните натпревари, ги увидовме н