НАМЕТНУВАМЕ МОДЕЛ НА ИГРА КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ РЕЗУЛТАТ

СРЕДА, 05 ЈУНИ 2013 11:49 РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА - У 21



Репрезентацијата на Македонија до 21. година в сабота во Баку против Азербејџан ги отвора квалификациите за пласман на Европското првенство 2015 во Чешка. Во квалификациската група 8, нашата селекција ќе игра против Азербејџан,  Норвешка, Израел и Португалија. Селекторот на младата репрезентација, Бобан Бабунски вели дека нашата селекција е созреана за постигнување добар резултат. На списокот за натпреварот против Азербејџан се наоѓаат 19-ет фудбалери. Стефан Ристовски и Александар Трајковски му се приклучија на тимот од „А“ репрезентацијата.

-Се наоѓаме пред почеток на нов, за нас, многу важен квалификациски циклус. Нашата цел е да наметнеме модел на игра со кои дефинитивно ќе се чувствуваме посигурно во секој настап, ќе добиеме самодоверба и тоа е единствениот правилен начин да постигнеме добри резултати.  Во претходниот циклус на квалификации бевме многу близу до голем успех, не успеавме да се пласираме на завршница на големо натпреваување, но играчите потврдија дека можат да играат на резултат. Позитивно е тоа што оваа генерација фудбалери веќе се наоѓаше на чекор од ЕП, генерацијата предводена од селекторот Бочевски играше во елитната група квалификации, ја минаа првата фаза и мислам дека имаат изградено победнички менталитет. Имаме талентирана генерација, се што треба е да се надоградуваме, да веруваме во себе и да наметнеме стил на игра кои ќе биде препознатлив за нас. Тое е моделот за остварување на нашите амбиции. Првиот натпревар секогаш е тежок, во составот на Азербејџан се играчи кои секој првенствен натпревар играат по 90-ет минути во своите клубови, фудбалскиот закон во Азербејџан ги обврзува клубовите да им даваат шанса на младите играчи и за нив тоа е позитивно. Имаат на располагање 30 фудбалери во натпреварувачки ритам. Најважни сме ние, одиме да оствариме позитивен резултат и се надевам дека фудбалерите ќе го дадат најдоброто од себе. Тоа е нашиот пристап на тренинзите и ќе се обидеме да го пресликаме на натпреварот, изјави селекторот на младата репрезентација Бобан Бабунски.

Comments

Popular posts from this blog

БАБУНСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО ПОРТУГАЛИЈА

У-21: МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 0:1