Posts

Showing posts from 2014

У21: Победа над Катар во пријателскиот натпревар

Image
У21: Победа над Катар во пријателскиот натпревар Posted on мај - 27 - 2014 У21 Катар 2 На стадионот на германскиот бундеслигаш Алеманија Ахен пред околу 100-ина гледачи, Македонската Репрезентација до 21 година ја совладата репрезентацијата на Катар до 22 години со резултат 0:1. Во натпревар во кој доминиравме во текот на целиот натпревар и имавме неколку добри ситуации за гол, како Дамчевски со глава по корнерот на Николов во 33 мин, ударот на Велковски од 25 метри во 60 мин, неколку добри акции на Ашковски, Маркоски, Симоновски, Блажевски во кои во завршницата не бевме доволно вешти за да реализираме. Сите кои денес настапија за Македонија одиграа на одлично ниво и сосема заслужено ја победија незгодната репрезентација на Катар која играше доста агресивно и на моменти остро, што резултираше со помала повреда на Зајков во 89 минута која го спречи да се оди за Рим и да се приклучи на А репрезентацијата која во петок исто така игра со Катар. Стрелец на голот во 51 мин на натпре

У21: Македонската репрезентација денес пристигна во Ахен – Германија

Image
Posted on мај - 25 - 2014 Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година, денес пристигна во Ахен – Германија каде во вторник (27.05) ќе одигра пријателски натпреар со репрезентацијата на Катар за играчи до 22 години. Натпреварот ќе се одигра на Тиволи Стадионот во Ахен со почеток во 19.00 часот. Поради повреди од составот кој играше против Португалија во петокот отпаднаа: Муслиу Висари Најдоски Дино додека поради клубски обврски ослободени беа Дориан Бабунски и Мицевски Дарко а Егзон Бејтулау поради мораше да остане во Македонија од фамилијарни причини. Дополнително беа повикани Мевлан Адили од Шкупи и Талевски Виктор од Ајнтрахт Франкуфрт, Селекторот Бабунски за овој натпревар ги има на располагање следниве 18 фудбалери: Голмани: Димитриевски Столе Алексовски Игор Одбрана: Дамчевски Александре Тошевски кристијан Зајков Ѓорѓи Ашковски Стефан Талевски Виктор Цикарски Мите Мевлан Адили Среден ред: Блажевски Мартин Николов Бобан Велковски дарко

У-21: МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 0:1

Image
У-21: МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 0:1 Младата репрезентација на Македонија до 21 година загуби со 1-0 од Португалија во рамките на шестиот круг квалификации за Европското првенство 2015 година. На националната арена „Филип Втори” нашата селекција одигра добро прво полувреме. Неколку добри прилики  за гол и  на двете страни, но истите не беа искористени. Најзрелата шанса за гол ја имаше репрезентацијата на Португалија преку Тавареш Гомез кој не успеа да реализира  удар од белата точка, одлична интервенција на нашиот голман Столе Димитриевски. Во продолжението од натпреварот силната репрезентација на Португалија преку Тиаго Илори во 63 минута поведе со 1:0. Тоа воедно беше и конечниот епилог од оваа средба.Неуспешен обид за израмнување на резултатот имаше Фахрудин Ѓурѓевиќ. Македонија играше во состав:Столе Димитриевски, Кристијан Тошевски, Александар Дамчевски, Мартин Блажевски, Ѓоко Зајков, Марјан Радевски (Кире Маркоски), Дарко Мицевски, Дориан Бабунски (Марко Симоновски), Бобан Ни

БАБУНСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО ПОРТУГАЛИЈА

Image
Posted on мај - 14 - 2014 Селекторот на националната репрезентација до 21 година, Бобан Бабунски го објави списокот на играчи на кои смета за квалификацискиот натпревар против Португалија од циклусот за пласман на Европското првенство во Чешка 2015 година. Натпреварот се игра на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје на 23 мај со почеток во 18.00 часот. За пресметка против Португалија од тековните квалификации, Бабунски повика 22 фудбалери: Голмани: Столе Димитриевски (Гранада, Шпанија), Игор Алексовски (Македонија ЃП) Одбрана: Кристијан Тошевски (Тетекс), Дино Најдоски (Работнички), Ѓорѓи Зајков (Работнички), Александар Дамчевски (Черноморец, Бугарија), Висар Муслиу (Ренова), Леонард Жута (Хакен, Шведска), Стефан Ашковски (Напредак, Србија), Егзон Бејтулаху (Шкендија) Среден Ред: Филип Петревски (Норткоут Сити, Австралија), Мартин Блажевски (Вардар), Бесмир Бојку (Македонија Ѓ.П), Бобан Николов (Виторија Констанца, Романија), Даниел Аврамовски (Македонија Ѓ.П), Дарко

Репрезентацијата до 21 година ги започнува подготовките за натпреварот против Португалија

Image
Posted on мај - 19 - 2014 Репрезентацијата на Македонија до 21 година денеска го имаше првиот собир пред почетокот на мини подготовките спроти натпреварот со Португалија од квалификациите за Европското првенство 2015. Единствено Леонард Жута нема да биде во составот на репрезентацијата од фудбалерите на кој сметаше и упати повик селекторот на селекцијата, Бобан Бабунски. Играчот од одбраната е ослободен од обврските за натпреварот со Португалија поради обврски и на барање на неговиот клуб Хакен. Дополнителен повик селекторот Бабунски упати до Мите Цикарски од Вардар. Нашата млада репрезентација првиот тренинг ќе го одработи денеска од 18.00 часот на терените во комплексот „Куќа на фудбалот “. До пресметката од шестиот круг во групата 8 од квалификациите за ЕП, македонската репрезентација ќе тренира два пати дневно од 10.45 и 18.00 часот на терените во комплексот „Куќа на фудбалот“. Натпреварот против Португалија го играме на 23 мај (петок) во 18.00 часот на Националната арена „Фили

У-21: ПОРТУГАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА 2:0

Image
У-21: ПОРТУГАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА 2:0 Македонската репрезентација до 21 година загуби со 2:0 од Португалија во петтиот круг од квалификациите за Европското првенство 2015 година. На гостувањето во португалскиот Барселос, нашата млада селекција одржуваше резултатска рамнотежа во првото полувреме. Големиот фаворит Португалија го постигна првиот погодок во 51 минута преку Бернардо Силва. Од непостоечки пенал во 59 минута Рикардо зголеми на 2:0. Во 66 минута Димитриевски одбрани најстрога казна за Португалија,  Пасиенса не реализираше пенал. Неуспешен обид да постигне погодок за нашата репрезентација имаше Давид Бабунски во првиот дел и Муслиу во продолжението. Македонија играше во состав Димитриевски, Ристовски, Алиловски, Зајков, Блажевски, Ашковски, Муслиу, Мицевски, Д.Бабунски, Давид Бабунски, Трајковски. Во игра во второто полувреме Велковски и Радевски на местото од Ристевски и Мицевски. За нашата селекција поразот е трет во квалификациите за Европското првенство во Чешка. Во

СЕЛЕКТОРОТ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДО 21 ГОДИНА СО НАЈСИЛЕН СОСТАВ ПРОТИВ ПОРТУГАЛИЈА

Image
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Бобан Бабунски го објави списокот на фудбалери на кои смета за квалификацискиот натпревар против Португалија на 5 март 2014 година. Бабунски смета на следните 20 фудбалери: ГОЛМАНИ : Столе Димитриевски ( Гранада, Шпанија), Дејан Илиев (Арсенал, Англија)  ОДБРАНА : Кристијан Тошевски (Тетекс), Ѓоко Зајков (Работнички), Муслиу Висар (Ренова), Драгарски Христијан (Пелистер), Најдоски Дино (Работнички), Алиоски Езџан (Шафхаузен, Швајцарија), Ашковски Стефан (Напредак, Србија), Дамчевски Александар (Черноморец, Бугарија)  СРЕДЕН РЕД:  Блажевски Мартин (Вардар), Мицевски Дарко (ОФК Белград, Србија), Бабунски Давид ( Барселона Б, Шпанија), Ристовски Стефан (Латина, Италија), Велковски Дарко (Работнички), Анастасов Александар ( Пелистер )  НАПАД:  Ѓурѓевиќ Фахрудин (Македонија ЃП), Трајковски Александар (Мехелен, Белгија), Радески Марјан (Металург), Бабунски Дориан (Реал Мадрид, Шпанија). -Низ заеднички разговори и консултаци