ГОЛМАНИ:
Столе Димитриевски (Гранада, Шпанија), Дени Илиев (Арсенал, Англија), Андреја Ефремов (Металург, Скопје)
ОДБРАНА:
Езгјан Алиоски (Шафхаузен, Швајцарија)Стефан Ашковски (Доњи Срем, Србија), Христијан Драгарски (Пелистер)Висар Муслиу (Ренова)Дино Најдоски (Работнички)Стефан Ристовски (Латина, Италија),Кристијан Тошевски (Тетекс)Ѓоко Зајков (Работнички)Леонард Жута (Хакен, Шведска)Александре Дамчевски (Криенс, Швајцарија)
СРЕДЕН РЕД:
Давид Бабунски (Барселона Б, Шпанија), Мартин Блажевски (Вардар), Бесмир Бојку (Македонија ЃП), Мицевски Дарко (ОФК Белград, Србија), Наумчевски Филип (Хоризонт Турново), Николов Бобан (В.Констанца, Романија)
НАПАД:
Дориан Бабунски(Реал Мадрид, Шпанија, Марјан Радевски (Металург), Александар Трајковски (Мехелен, Белгија), Дарко Велковски (Работнички), Маркоски Кире (Работнички)
-Не очекуваат два исклучително важни натпревари. Нашите абмиции за висок пласман зависат од резултатот од натпреварите против Азербејџан и Норвешка. Ги анализираме гостинските пресметки во Баку и Драмен и ќе се обидеме подобро да ја составиме екипата, да ги утврдиме добрите работи и на тој начин да ја поставиме играта. Поединец во екипата не значи ништо, само ако работиме заедно ќе се врати успехот во репрезентацијата. За нас е многу важно на теренот да изгледаме како вистинска екипа која знае што сака. Јасно е дека сите ќе имаат свои задачи и никој нема да има потполна слобода да може да работи тоа што ќе посака. Во подготвителниот период сите ќе мора да се докажат и да се изборат за настап. Инсистираме на одговорност и дисциплината како на натпреварите, така и на тренинзите. Мотивот е секогаш присутен, во наредните неколку денови сите мора да работиме напорно и да ја достигнеме најдобрата форма, само на тој начин можеме до победа, изјави Бобан Бабунски.
Во квалификациите за Европското првенство во Чешка, Македонија е во групата 8 со селекциите на Португалија, Норвешка, Израел и Азербејџан. На двата гостински натпревари против Азербејџан и Норвешка освоивме бод, одигравме без голови во Баку, бевме поразени со 2:0 во Драмен од Норвешка.
Натпреварот против Азербејџан во Скопје се игра на 15-ти ноември (петок) во 17.00 часот. Влезот на Националната арена „Филип Втори“ е слободен.


Comments

Popular posts from this blog

БАБУНСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО ПОРТУГАЛИЈА

У-21: МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 0:1