Posts

Showing posts from 2012

Македонија подобра од Црна Гора

Image
Македонија подобра од Црна Гора 17. 10.2012 - 20:12:35 Пријателскиот натпревар помеѓу младите репрезентации на Македонија и Црна Гора заврши со минимален но заслужен триумф на нашиот национален тим. Единствениот погодок на натпреварот беше дело на фудбалерот на каталонскиот гигант Барселона, Давид  Бабунски. http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=111690&kategorija=8

Список за завршните квалификациски дуели

Image
У-21: Бабунски го соопшти списокот за завршните квалификациски дуели Недела, 02 Септември 2012 14:42 Репрезентација - У 21 Македонската фудбалска репрезентација до 21г. ја очекуваат две тешки гостувања во С. Ирска (07.09) и Србија (10.09) со што ќе го заврши квалификацискиот циклус за следното ЕП. Според оствареното бодовно салдо постојат теоретски шанси Македонија да освои место кое води во баражот за што е потребен пласман на првите две места во групата за кои конкурират уште и селекциите на Данска и Србија. Собирот на репрезентативците е во понеделник во х. Континентал во 13.30ч а селекторот Бабунски на прозивката очекува 20 играчи. ГОЛМАНИ 1 Ефремов Андреја 02/09/92 Ф.К Металург Македонија 2 Димитриевски Столе 25/12/93 ФК Кадиз Шпанија ОДБРАНА 3 Ристевски Кире 22/10/90 Ф.К.Билиш Албанија 4 Цикарски Мите 06/01/93 Ф.К Вардар Македонија 5 Богдановиќ Горан 09/06/90 ФК Рад Србија 6 Дробаров Влатко 02/11/92 ФК Напредок Македонија 7 Станков Антон

У-21: Се отвораат шанси за „децата“ на Бабунски

Image
 Четврток, 16 Август 2012 Македонската фудбалска репрезентација до 21г. вчера гостуваше во Португалија каде одигра контролен дуел со домашната селекција во кој загубивме со 2-1. Во меѓувреме се одигра уште еден натпревар во квалификациската група-4 за следното ЕП во која игра и нашата репрезентација. Фарските Острови направија уште едно изненадување одигрувајќи 1-1 со селекцијата на Данска. Со ова се комплицираат работите и се отвора теоретска шанса, Македонија да се бори за второто место во групата со Србија и Данска кои на почетокот на септември ќе играат во Копенхаген во меѓусебен дуел. Доколку Данска и Србија одиграат нерешено а ние ја совладаме селекцијата на Северна Ирска тогаш Македонија со победа во Белград во последното коло може да го освои најмалку второто место во групата. Истото важи и во случај на пораз на србите. Доколку Србија победи во Копенхаген тогаш во последното коло е потребен кикс на данците на гостувањето во Северна Ирска. Тоа се само дел од

У-21: Португалија-Македонија 2-1

Image
Вторник, 14 Август 2012 21:41 Репрезентација - У 21 Селекцијата на Македонија до 21г е поразена на гостувањето во Португалија со 2-1 во натпревар во кој избраниците на селекторот Бобан Бабунски оставија одличен впечаток особено во вториот дел. Португалија го отвори мечот со погодокот на Мартинш во 24м по грешка на нашата одбрана. До крајот на првиот дел Португалија беше подобар противник но Димитриевски успеа да одбрани неколку удари. По една убава акција во 77. следуваше нафрлување од левата страна. Првотимецот на Вардар влета Драган Георгиев меѓу двајца одбранбени играчи на домаќинот и со прецизен удар израмни на 1-1. По израмнувањето Македонија се обидуваше да направи и целосен пресврт но Фреди со евро-гол во 82м го постави конечниот резултат од 2-1 за Португалија. Голема прилика за израмнување не искористи стрелецот на голот Георгиев во 90м. Македонија средбата ја започна со : Димитриевски, Георгиевски, Ристевски, Абдула, Таири, Станков, Хусмани, Мицевски, Ранѓел

У-21: Бабунски објави список за Португалија

Image
Недела, 12 Август 2012 10:58 Репрезентација - У 21 Младата фудбалска селекција на Македонија до 21г на 14-ти август игра пријателски дуел во Португалија со соодветната домашна селекција. Селекторот Бобан Бабунски за оваа средба го соопшти следниот список на играчи. ГОЛМАНИ 1 Ефремов Андреја 02/09/92 Ф.К Металург Македонија 2 Димитриевски Столе 25/12/93 ФК Кадиз Шпанија ОДБРАНА 3 Ристевски Кире 22/10/90 Ф.К.Билиш Албанија 4 Цикарски Мите 06/01/93 Ф.К Вардар Македонија 5 Горгиевски Бојан 25/01/92 ФК Сконто Летонија 6 Дробаров Влатко 02/11/92 ФК Напредок Македонија 7 Станков Антонио 19/02/91 Ф.К Ос Холандија 8 Aшковски Стефан 24/02/92 Ф.К Партизан Србија СРЕДЕН РЕД 9 Хусмани Зени 28/11/90 Ф.К Домжале Словенија 10 Mицевски Дарко 12/04/92 ФК Работнички Македонија 11 Фљамур Таири 24/11/90 Ф.К Теута Албанија 12 Рангелович Предраг 02/03/90 Ф.К Вардар Македонија 13 Најдовски Филип 13/09/92 Ф.К Напредок Македонија 14 Џелил Абдула 28/09/91 Ф.К

Шансите за бараж не се загубени

Image
  Понеделник, 11 Јуни 2012 20:27 Репрезентација - У 21 Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21г Бобан Бабунски веднаш по контролниот дуел со селекцијата на С. Арабија кој заврши 1-1 се осврна на последните настапи на младата селекција во квалификациите за ЕП и на пријателските дуели: -Анализите на последните квалификациски средби за ЕП покажуваат дека резултатскиот пад е последица на неколку моменти. - Поради ненавременото доаѓање на подготовките на стандардни и клучни играчи како Хасани, Ристовски, Спировски, Брдаревски, Урдинов (стартери на претходниот меч со С.Ирска) потоа Мициновиќ, Фазли, Таири, кои имаа обврски со А-селекцијата... Поради жолти картони и недоволното закрепнување по повредите на неколку играчи кои поради тоа отсуствуваа на комплетните подготовки за првиот најважен натпревар против Фарските Острови... Секогаш имавме отсуство на 1-2 стандардни играчи во претходните натпревари и успевавме да најдеме квалитетни алтернативи , меѓутоа

Бабунски го соопшти списокот за контролките со С.Арабија

Image
Петок, 08 Јуни 2012 09:59 Репрезентација - У 21 Фудбалската селекција на Македонија до 21г денеска заминува за Минхен, Германија каде на 09-ти и 11-ти јуни ќе одигра пријателски средби со репрезентацијата на С.Арабија. Експедицијата ќе биде сместена во Бад Гиген , мало градче во Близина на Инголштад. Средби ќе се играат на стадионот Бад Гиген во терминот од 17ч. Селекторот Бобан Бабунски за овие средби смета на следните играчи. ГОЛМАНИ 1 Ефремов Андреја 02/09/92 ФК Металург Македонија 2 Димитриевски Столе 25/12/93 ФК Кадиз Шпанија ОДБРАНА 3 Ристевски Кире 22/10/90 Ф.К.Билш Албанија 4 Богдановиќ Горан 09/06/90 Ф.К.Работнички Македонија 5 Брдаревски Владица 07/02/90 ФК Работнички Македонија 6 Глигоров Филип 31/07/93 ФК Работнички Македонија 7 Асани Ерсен 28/05/93 ФК Ренова Македонија 8 Станков Антонио 19/02/91 Ф К ОСС Холандија 9 Цикарски Мите 06/01/93 Ф К Вардар МАкедонија 10 Дробаров Влатко 02/11/92 ФК Напредок Македонија СРЕДЕН РЕД

У21: Данска – Македонија 6-5

Image
Вторник, 05 Јуни 2012 16:47 Репрезентација - У 21 Извонредно ефикасен и возбудлив дуел одиграа нашите надежи на гостувањето во Данска во рамките на квалификациите за ЕП 2013. Победа од 6-5 за домаќинот со што е прекината успешната серија од 16 средби без пораз но и драматичен финиш во кој Македонија изврши притисок за израмнување на резултатот. . Натпреварот започна многу лошо за избраниците на Бобан Бабунски. Несигурноста во одбраната ја плативме со пенал во 5м а веднаш потоа и со втор погодок за данците кои до 25м имаа убедливо водство од 3-0. Стефан Спировски со евро-гол во 28м ублажи на 3-1 но до крајот на првиот дел Данска одлично ја користи отворената игра на нашата репрезентација и од брзи контранапади постигнува уште два гола за убедливо водство од 5-1. Македонија која и во првиот дел играше офанзивно продолжи во истиот стил и во вториот, и по 6-тиот погодок на Данска во 55м, започнува период на ефикасна игра на нашиот тим и со головите на Несторовски , Богдано

Results

Macedonia U-21                                                    2 0 1 2 Macedonia 2 : 2 Italy Macedonia 1 : 0 N.Irleand Holland 0 : 1 Macedonia Albania 2 : 2 Macedonia Faroe Islands 1 : 1 Macedonia Denmark 6 : 5 Macedonia S.Arabia 0 : 0 Macedonia S.Arabia 1 : 1 Macedonia Portugal 2 : 1 Macedonia Macedonia U-21                                                    2 0 1 1 Azerbijan 0 : 1 A Team Macedonia Macedonia 1 : 0 Serbia Albania 0 : 0 Macedonia Macedonia 3 : 1 Mali Macedonia 1 : 0 Slovenia Montenegro 0 : 1 Macedonia Bulgaria 0 : 0 Macedonia Saudi Arabia 0 : 0 M