Posts

Showing posts from March, 2014

У-21: ПОРТУГАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА 2:0

Image
У-21: ПОРТУГАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА 2:0 Македонската репрезентација до 21 година загуби со 2:0 од Португалија во петтиот круг од квалификациите за Европското првенство 2015 година. На гостувањето во португалскиот Барселос, нашата млада селекција одржуваше резултатска рамнотежа во првото полувреме. Големиот фаворит Португалија го постигна првиот погодок во 51 минута преку Бернардо Силва. Од непостоечки пенал во 59 минута Рикардо зголеми на 2:0. Во 66 минута Димитриевски одбрани најстрога казна за Португалија,  Пасиенса не реализираше пенал. Неуспешен обид да постигне погодок за нашата репрезентација имаше Давид Бабунски во првиот дел и Муслиу во продолжението. Македонија играше во состав Димитриевски, Ристовски, Алиловски, Зајков, Блажевски, Ашковски, Муслиу, Мицевски, Д.Бабунски, Давид Бабунски, Трајковски. Во игра во второто полувреме Велковски и Радевски на местото од Ристевски и Мицевски. За нашата селекција поразот е трет во квалификациите за Европското првенство во Чешка. Во

СЕЛЕКТОРОТ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДО 21 ГОДИНА СО НАЈСИЛЕН СОСТАВ ПРОТИВ ПОРТУГАЛИЈА

Image
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Бобан Бабунски го објави списокот на фудбалери на кои смета за квалификацискиот натпревар против Португалија на 5 март 2014 година. Бабунски смета на следните 20 фудбалери: ГОЛМАНИ : Столе Димитриевски ( Гранада, Шпанија), Дејан Илиев (Арсенал, Англија)  ОДБРАНА : Кристијан Тошевски (Тетекс), Ѓоко Зајков (Работнички), Муслиу Висар (Ренова), Драгарски Христијан (Пелистер), Најдоски Дино (Работнички), Алиоски Езџан (Шафхаузен, Швајцарија), Ашковски Стефан (Напредак, Србија), Дамчевски Александар (Черноморец, Бугарија)  СРЕДЕН РЕД:  Блажевски Мартин (Вардар), Мицевски Дарко (ОФК Белград, Србија), Бабунски Давид ( Барселона Б, Шпанија), Ристовски Стефан (Латина, Италија), Велковски Дарко (Работнички), Анастасов Александар ( Пелистер )  НАПАД:  Ѓурѓевиќ Фахрудин (Македонија ЃП), Трајковски Александар (Мехелен, Белгија), Радески Марјан (Металург), Бабунски Дориан (Реал Мадрид, Шпанија). -Низ заеднички разговори и консултаци