Posts

Showing posts from May, 2012

У-21: „Надежите“ тренираат во Копенхаген

Image
Недела, 27 Мај 2012 15:07 Репрезентација - У 21 Селекцијата на Македонија до 21г, од вчера е во данската престолнина Копенхаген каде се подготува за следниот квалификациски дуел за ЕП со Ф.Острови. Зад избраниците на селекторот Бабунски се 6 дена успешна активност на турнирот во Австрија, но целосната концентрација е насочена кон мошне важните квалификациски дуели со Ф. Острови и Данска. Експедицијата е сместена во Олимпискиот комплекс во Данска, веднаш до стадионот на Бронби. За тренирање се користат вештачките терени на славниот дански тим кој несебично ги отстапи за тренинг на македонските репрезентативци. Здравствениот билтен според д-р Ханџиски Зоран е одличен. Утринава беше одржан еден тренинг , а ќе се тренира и во попладневните часови. И следните денови се планирани по два тренинзи а во меѓувреме се очекуваат играчите кои се во сениорскиот тим кои ќе допатуваат веднаш по натпреварот со Ангола. Инаку во тимот владее одлична атмосфера, особено по вчерашно

У-21: Албанија – Македонија 2-2

Image
Петок, 25 Мај 2012 17:20 Репрезентација - У 21 Младата репрезентација на Македонија денеска го одигра и вториот контролен натпревар во Инсбрук, Австрија против селекцијата на Албанија кој заврши без победник, 2-2. Избраниците на Бобан Бабунски одлично го отворија натпреварот и поведоа со погодокот на Александар Трајковски во 5-тата минута. Прoтивникот успеа да израмни на 1-1, 20-тина минути подоцна, но Давид Бабунски во 65-тата минута постигна еврогол и со својот првенец во оваа селекција повторно ја доведе Македонија во водство од 2-1. Албанија израмни во 85-тата минута за конечни 2-2. Македонија на оваа средба настапи во комбиниран состав со цел да се одморат дел од првотимците од првата средба со Холандија но и да им се даде шанса на помладите па денеска дебитираше и Ашковски кој дополнително допатува во кампот во Инсбрук. Двете репрезентации имаа по 3 удари во рамките на голот и по 4 удари вон голот. Македонија ја имаше иницијативата на средбата а според статистика

Holland U21 0-1 Macedonia U21

Image
Macedonia U-21                                                    2 0 1 2 Macedonia 2 : 2 Italy Macedonia 1 : 0 N.Irleand Holland 0 : 1 Macedonia Albania 2 : 2 Macedonia Faroe Islands 1 : 1 Macedonia Denmark 6 : 5 Macedonia S.Arabia 0 : 0 Macedonia S.Arabia 1 : 1 Macedonia Portugal 2 : 1 Macedonia Macedonia U-21                                                    2 0 1 1 Azerbijan 0 : 1 A Team Macedonia Macedonia 1 : 0 Serbia Albania 0 : 0 Macedonia Macedonia 3 : 1 Mali Macedonia 1 : 0 Slovenia Montenegro 0 : 1 Macedonia Bulgaria 0 : 0 Macedonia Saudi Arabia 0 : 0 Macedonia Macedonia 3 : 1 Cyprus Macedonia 1 : 1 Serbia Macedonia 1 : 0 Faroe Islands Macedonia 1 : 1 Denmark У-21: Холандија 0 – 1 Македонија Вторник, 22 Мај 2012 21:15 Репрезентација - У 21 Репрезентацијата на Македони

Бабунски го соопшти списокот за следните средби

Image
Понеделник, 21 Мај 2012 12:29 Репрезентација - У 21 Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 г. Бобан Бабунски денеска го соопшти списокот на играчи за гостувањето во Австрија каде ќе одиграме две контролни средби со Холандија и Албанија и за следните квалификациски дуели со Ф. Острови и Данска во гости. Во рамките на подготовките за продолжението на квалификациите за ЕП и гостувањето на Ф.Острови и Данска не очекува интересен настап во Австрија каде ќе одиграме контролни дуели со Холандија и Албанија. Тоа е добра прилика за дел од играчите кои имаат помала минутажа како и некои помлади фудбалери родени 1992г да се наметнат со своите квалитети, особено што се работи за играчи кои ќе можат да играат и во следниот квалификациски циклус За нас најважен е во овој момент дуелот со Ф.Острови каде ни е потребна победа за да влеземе со одлична позиција на табелата во пресметката со фаворитот во групата -Данска, меч кој се игра четири дена подоцна на 5. јуни. Очекувам

Бабунски: Имаме стратегија која може да ги донесе посакуваните резултати

Image
Бабунски: Имаме стратегија која може да ги донесе посакуваните резултати Среда, 16 Мај 2012 12:56 Репрезентација - У 21 Младата фудбалска репрезентација на Македонија успешно настапува во квалификацискиот циклус за ЕП 2013г. Селекторот Бабунски е свесен дека групата во која настапуваат уште Данска, Србија, С. Ирска и Ф. Острови е доста силна и квалитетна, но верува дека со квалитетна и упорна работа можат да се направат успешни резултати какви што во моментов постигнува репрезентацијата до 21г. која на 13 средби во серија постигнува позитивни резултати. Бабунски денеска од јавноста побара трпение но и поддршка за целосно спороведување на СТРАТЕГИЈАТА која предвидува создавање на македонски стил и модел на игра : -Се обидуваме да креираме нова фудбалска свест кај нашите играчи во однос на менталитетот и пристапот кон играта и фудбалската идеја со имплементирање на модерен, офанзивен концепт и начин на игра. Анализирајќи ги натпреварите и статистиките во однос на посед на то