Голмани: Димитриевски Столе (Гранада – Шпанија) Илиев Дејан (Арсенал – Англија)
Одбрана: Aшковски Стефан (Долен Срем – Србиј), Дамчевски Александар (Криенс -Швајцарија), Драгарски Христијан (Пелистер – Македонија), Алиоски Езџјан (Шафхаузен – Швајцарија), Жута Леонард (Хакен-Шведска), Најдоски Дино (Работнички – Македонија), Најдовски Леон (Македонија ЃП – Македонија)
Среден ред: Mицевски Дарко (Тетекс – Македонија), Блажевски Мартин (Тетекс – Македонија), Жута Гентјан (Тун – Швајцарија), Николов Бобан (Виторул Констанца – Романија), Пешевски Дејан (Спартак Трнава – Словачка), Цикарски Мите (Вардар – Македонија), Давчевски Бобан (Еуромилк – Македонија)
Напад: Филип Тимов (Арис Лимасол – Ерменија), Дориан Бабунски (Реал Мадрид – Шпанија), Елдис Бајрами (Рапид – Австрија) Ваљмир Нафиу (Хамбургер – Германија)
-Се надевам дека ќе ја продолжиме серијата успешни резултати на гостински терен. Очекувам сите селектирани фудбалери да ја оправдаат добиената шанса. Норвешка е исклучително силна репрезентација, според анализата, еден од фаворитите во нашата група. Одиграа многу квалитетен натпревар против Полска, славеа со 4:2 и тоа е доволен показател за силата на Норвешка. За нас би било оптимално да славиме на сите домашни натпревари, а на гостувањата да се бориме за позитивен резултат. Верувам дека во Драмен ќе го наметнеме нашиот стил на игра. Доколку бидеме рамноправни во контролата на играта, комбинаториката и создавањето шанси, мислам дека очекувањата се реални, изјави Бобан Бабунски, селектор на младата репрезентација на Македонија до 21 година.

Во квалификациите за пласман на ЕП во Чешка, Македонија е во групата 8 со селекциите на Португалија, Норвешка, Израел, и Азербејџан. До крајот на годината младата репрезентација на домашен терен ќе ги одигра возвратните натпревари против Азербејџан и Норвешка. Квалификациите за Европското првенство 2015 година ги отворивме со реми во Баку против Азербејџан, 0:0.
Comments
Post a Comment