(ЕКИПА ТВ) Бабунски: Офанзивно и против Норвешка
- Get link
- Other Apps
- Автор: ekipa
- Објавено: ноември 18, 2013 17:30
Младите фудбалери одиграа одличен меч против Азербејџан, славеа со 1-0, но создадоа неколку убави можности за погодок и комплетно доминираа на оваа средба. Тоа покажува дека селекторот Бобан Бабунски има на располагање мошне квалитетна селекција, посебно кога е комплетна, во услови кога и капитенот Ристовски, како и Давид Бабунски, Александар Трајковски и Езгјан Алиоски, кои се А-репрезентативци, можат да помогнат. Следи мечот против Норвешка, а Бабунски најавува повторно офанзивна игра и посакува триумф.
Одигравме квалитетен меч против Азербејџан, најважно е што победивме, а можевме да бидеме и многу поефикасни. Но, радува фактот што ја имавме контролата, сите фудбалери истрчаа многу, создаваа шанси, креираа. Сега не очекува нов предизвик, селекцијата на Норвешка, која исто така негува офанзивен фудбал, а треба да го искористиме моментот дека доаѓаат по еден висок пораз од Израел“, вели Бабунски за ЕКИПА ТВ.
- Get link
- Other Apps
Comments
Post a Comment