У21: МАКЕДОНИЈА ВО ГРУПА СО ИЗРАЕЛ, ПОРТУГАЛИЈА, НОРВЕШКА И АЗЕРБЕЈЏАНУ21: МАКЕДОНИЈА ВО ГРУПА СО ИЗРАЕЛ, ПОРТУГАЛИЈА, НОРВЕШКА И АЗЕРБЕЈЏАН










Македонската репрезентација до 21 година ќе игра во групата “8“ во квалификациите за Европското првенство 2015 година. 
Израел, Португалија, Норвешка и Азербејџан се противници на нашата селекција во квалификацискиот циклус за пласман на шампионатот во Чешка. На извлекувањето во Нион, репрезентацијата на Македонија беше сместена во четвртиот барабан заедно со БиХ, Полска, Грузија, Исланд, Молдавија, Р. Ирска, Бугарија, Kипар и Летонија. Од првата рејтинг група ја добивме селекцијата на Израел, Португалија беше сместена во вториот барабан, Норвешка во третиот и Азербејџан во последниот барабан. Kвалификацискиот циклус почнува на 22 март годинава. Победниците од десетте групи и четирите најдобропласирани од сите групи ќе разигруваат во бараж-натпревари за седум места. Победниците од тие средби и домаќинот Чешка ќе се најдат на завршницата во јуни 2015 година. На ждрепката во Нион присуствуваа селекторот на нашата репрезентација Бобан Бабунски и директорот на репрезентациите Петар Милошевски. -Групата е силна, нема аутсајдер. Речиси сите репрезентации имаат различен стил на игра. Имајќи ги предвид долгите патувања, добро е што со исклучок на ноемврискиот термин, играме два натпревари дома, во сите други термини играме по еден натпревар. Тоа ни овозможува да имаме доволно време за подготовка пред секој натпревар. Останува добро да се подготвиме, да ги скаутираме противниците и да се надеваме на добри резултати, изјави селекторот на репрезентацијата Бобан Бабунски.

Comments

Popular posts from this blog

БАБУНСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО ПОРТУГАЛИЈА

У-21: МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 0:1