Posts

Showing posts from August, 2012

У-21: Се отвораат шанси за „децата“ на Бабунски

Image
 Четврток, 16 Август 2012 Македонската фудбалска репрезентација до 21г. вчера гостуваше во Португалија каде одигра контролен дуел со домашната селекција во кој загубивме со 2-1. Во меѓувреме се одигра уште еден натпревар во квалификациската група-4 за следното ЕП во која игра и нашата репрезентација. Фарските Острови направија уште едно изненадување одигрувајќи 1-1 со селекцијата на Данска. Со ова се комплицираат работите и се отвора теоретска шанса, Македонија да се бори за второто место во групата со Србија и Данска кои на почетокот на септември ќе играат во Копенхаген во меѓусебен дуел. Доколку Данска и Србија одиграат нерешено а ние ја совладаме селекцијата на Северна Ирска тогаш Македонија со победа во Белград во последното коло може да го освои најмалку второто место во групата. Истото важи и во случај на пораз на србите. Доколку Србија победи во Копенхаген тогаш во последното коло е потребен кикс на данците на гостувањето во Северна Ирска. Тоа се само дел од

У-21: Португалија-Македонија 2-1

Image
Вторник, 14 Август 2012 21:41 Репрезентација - У 21 Селекцијата на Македонија до 21г е поразена на гостувањето во Португалија со 2-1 во натпревар во кој избраниците на селекторот Бобан Бабунски оставија одличен впечаток особено во вториот дел. Португалија го отвори мечот со погодокот на Мартинш во 24м по грешка на нашата одбрана. До крајот на првиот дел Португалија беше подобар противник но Димитриевски успеа да одбрани неколку удари. По една убава акција во 77. следуваше нафрлување од левата страна. Првотимецот на Вардар влета Драган Георгиев меѓу двајца одбранбени играчи на домаќинот и со прецизен удар израмни на 1-1. По израмнувањето Македонија се обидуваше да направи и целосен пресврт но Фреди со евро-гол во 82м го постави конечниот резултат од 2-1 за Португалија. Голема прилика за израмнување не искористи стрелецот на голот Георгиев во 90м. Македонија средбата ја започна со : Димитриевски, Георгиевски, Ристевски, Абдула, Таири, Станков, Хусмани, Мицевски, Ранѓел

У-21: Бабунски објави список за Португалија

Image
Недела, 12 Август 2012 10:58 Репрезентација - У 21 Младата фудбалска селекција на Македонија до 21г на 14-ти август игра пријателски дуел во Португалија со соодветната домашна селекција. Селекторот Бобан Бабунски за оваа средба го соопшти следниот список на играчи. ГОЛМАНИ 1 Ефремов Андреја 02/09/92 Ф.К Металург Македонија 2 Димитриевски Столе 25/12/93 ФК Кадиз Шпанија ОДБРАНА 3 Ристевски Кире 22/10/90 Ф.К.Билиш Албанија 4 Цикарски Мите 06/01/93 Ф.К Вардар Македонија 5 Горгиевски Бојан 25/01/92 ФК Сконто Летонија 6 Дробаров Влатко 02/11/92 ФК Напредок Македонија 7 Станков Антонио 19/02/91 Ф.К Ос Холандија 8 Aшковски Стефан 24/02/92 Ф.К Партизан Србија СРЕДЕН РЕД 9 Хусмани Зени 28/11/90 Ф.К Домжале Словенија 10 Mицевски Дарко 12/04/92 ФК Работнички Македонија 11 Фљамур Таири 24/11/90 Ф.К Теута Албанија 12 Рангелович Предраг 02/03/90 Ф.К Вардар Македонија 13 Најдовски Филип 13/09/92 Ф.К Напредок Македонија 14 Џелил Абдула 28/09/91 Ф.К