Шансите за бараж не се загубени


 


ПечатиPDF
babunski
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21г Бобан Бабунски веднаш по контролниот дуел со селекцијата на С. Арабија кој заврши 1-1 се осврна на последните настапи на младата селекција во квалификациите за ЕП и на пријателските дуели:
-Анализите на последните квалификациски средби за ЕП покажуваат дека резултатскиот пад е последица на неколку моменти. - Поради ненавременото доаѓање на подготовките на стандардни и клучни играчи како Хасани, Ристовски, Спировски, Брдаревски, Урдинов (стартери на претходниот меч со С.Ирска) потоа Мициновиќ, Фазли, Таири, кои имаа обврски со А-селекцијата... Поради жолти картони и недоволното закрепнување по повредите на неколку играчи кои поради тоа отсуствуваа на комплетните подготовки за првиот најважен натпревар против Фарските Острови...
Секогаш имавме отсуство на 1-2 стандардни играчи во претходните натпревари и успевавме да најдеме квалитетни алтернативи , меѓутоа овој пат не успеавме да пополниме со соодветно подготвени 5-6 играчи за вака важни средби....
Сепак останува сатисфакцијата дека докрај демонстриравме достоинствен офанзивен модел на игра како и на сите средби во изминативе 3 години од кои произлегоа 4-5 квалитетни играчи за А-селекцијата и уште 5-6 млади играчи кои сигурно се потенцијални кандидади и набрзо ќе го облечат дресот на нашата најдобра сениорска селекција. Остануваат уште два натпревари во квалификациите кои доколку ги победиме ќе ги задржиме шансите за второто место и пласман во баражот но јасно е дека зависиме и од резултатите на другите селекции. Радува што го задржавме моделот на игра и одиме во правец на формирање стил со кој ќе се гордеат сите љубители на фудбалот... На пријателските средби со С. Арабија успеавме да стекнеме огромна доверба во потенцијалот и квалитетот на Столе Димитриевски, Христов, Мите Цикарски, Марче Симоновски, Мицевски, Селмани и сите другби кои настапија со помала минутажа. Се надеваме на многу повеќе разбирање за потребите на младата репрезентација од сите фудбалски структури со цел да се постигнуваат посакуваните резултати, меѓутоа и ние имаме разбирање дека неопходноста и приоритетите на А-селекцијата и клубскиот фудбал во овој момент се најважни за целокупната состојба.... И понатаму останува идејата натпреварите на младата селекција да донесат револуција во начинот на настапување на една наша репрезентација и овие генерации на млади фудбалери го покажуваат тоа од натпревар во натпревар.

Comments

Popular posts from this blog

БАБУНСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО ПОРТУГАЛИЈА

У-21: МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 0:1