У-21: Португалија-Македонија 2-1




ПечатиPDF
u_21_st
Селекцијата на Македонија до 21г е поразена на гостувањето во Португалија со 2-1 во натпревар во кој избраниците на селекторот Бобан Бабунски оставија одличен впечаток особено во вториот дел.
Португалија го отвори мечот со погодокот на Мартинш во 24м по грешка на нашата одбрана. До крајот на првиот дел Португалија беше подобар противник но Димитриевски успеа да одбрани неколку удари.
По една убава акција во 77. следуваше нафрлување од левата страна. Првотимецот на Вардар влета Драган Георгиев меѓу двајца одбранбени играчи на домаќинот и со прецизен удар израмни на 1-1. По израмнувањето Македонија се обидуваше да направи и целосен пресврт но Фреди со евро-гол во 82м го постави конечниот резултат од 2-1 за Португалија. Голема прилика за израмнување не искористи стрелецот на голот Георгиев во 90м.
Македонија средбата ја започна со : Димитриевски, Георгиевски, Ристевски, Абдула, Таири, Станков, Хусмани, Мицевски, Ранѓеловиќ, Георгиев и Тимов. Играа уште: Цикарски, Ф. Најдовски, Дробаров, Ашковски, Бајрами, Христов

Comments

Popular posts from this blog

БАБУНСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО ПОРТУГАЛИЈА

У-21: МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 0:1