Список за завршните квалификациски дуели






У-21: Бабунски го соопшти списокот за завршните квалификациски дуели

PDF

Македонската фудбалска репрезентација до 21г. ја очекуваат две тешки гостувања во С. Ирска (07.09) и Србија (10.09) со што ќе го заврши квалификацискиот циклус за следното ЕП. Според оствареното бодовно салдо постојат теоретски шанси Македонија да освои место кое води во баражот за што е потребен пласман на првите две места во групата за кои конкурират уште и селекциите на Данска и Србија. Собирот на репрезентативците е во понеделник во х. Континентал во 13.30ч а селекторот Бабунски на прозивката очекува 20 играчи.
ГОЛМАНИ
1 Ефремов Андреја 02/09/92 Ф.К Металург Македонија
2 Димитриевски Столе 25/12/93 ФК Кадиз Шпанија
ОДБРАНА
3 Ристевски Кире 22/10/90 Ф.К.Билиш Албанија
4 Цикарски Мите 06/01/93 Ф.К Вардар Македонија
5 Богдановиќ Горан 09/06/90 ФК Рад Србија
6 Дробаров Влатко 02/11/92 ФК Напредок Македонија
7 Станков Антонио 19/02/91 МВВ Мастрихт Холандија
8 Aшковски Стефан 24/02/92 Ф.К Партизан Србија
9 Урдинов Јани 28/03/1991 ФК Екранас Литванија
10. Брдаревски Владица 07/02/1992 ФК Работнички Македонија
СРЕДЕН РЕД
11.Хусмани Зени 28/11/90 Ф.К Домжале Словенија
12.Mицевски Дарко 12/04/92 ФК Работнички Македонија
13.Фљамур Таири 24/11/90 Ф.К Теута Албанија
14. Рангеловиќ Предраг 02/03/90 Ф.К Вардар Македонија
15 Најдовски Филип 13/09/92 Ф.К Напредок Македонија
16. Бабунски Давид 01/03/1994 ФК Барселона Шпанија
НАПАД
17. Георгиев Драган 06/12/1980 Ф.К Вардар Македонија
18. Филип Тимов 22/05/92 Ф.К Импулс Ерменија
19. Станков Александар 19/02/1991 МВВ Мастрихт Холандија
20. Фазли Самир 22/04/1991 ФК Херенвен Холандија
Селекторот Бабунски за веб сајтот на ФФМ изјави:
- Отворената можност во последните две квалификациски средби да се стигне до резултатска цел-бараж натпревар за пласман на следното ЕП, е знак дека сепак сме постигнале нешто добро во овој циклус. Во секој случај продолжува нашата интенција преку добри игри и резултати да селектираме и креираме талентирани играчи со потенцијал да настапуваат и во А-националниот тим.
Иако во последните дуели за А-селекцијата се прекомандувани дури 6 стандардни репрезентативци од младата селекција, длабоко сме убедени дека за кратко време од сегашна млада селекција уште 7-8 нови талентирани играчи за кратко време ќе можат не само да конкурираат тука и да бидат носители на играта во нашата најдобра репрезентација..

Comments

Popular posts from this blog

БАБУНСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО ПОРТУГАЛИЈА

У-21: МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 0:1