У21: Данска – Македонија 6-5



Е-поштаПечатиPDF
u_21_st
Извонредно ефикасен и возбудлив дуел одиграа нашите надежи на гостувањето во Данска во рамките на квалификациите за ЕП 2013. Победа од 6-5 за домаќинот со што е прекината успешната серија од 16 средби без пораз но и драматичен финиш во кој Македонија изврши притисок за израмнување на резултатот. .
Натпреварот започна многу лошо за избраниците на Бобан Бабунски. Несигурноста во одбраната ја плативме со пенал во 5м а веднаш потоа и со втор погодок за данците кои до 25м имаа убедливо водство од 3-0. Стефан Спировски со евро-гол во 28м ублажи на 3-1 но до крајот на првиот дел Данска одлично ја користи отворената игра на нашата репрезентација и од брзи контранапади постигнува уште два гола за убедливо водство од 5-1.
Македонија која и во првиот дел играше офанзивно продолжи во истиот стил и во вториот, и по 6-тиот погодок на Данска во 55м, започнува период на ефикасна игра на нашиот тим и со головите на Несторовски , Богдановиќ, Таири и Фазли успеаваме до 88 м да им се доближиме на домаќините на само еден погодок негатива но не успеавме и да го избегнеме поразот со кој паднавме на 3-тото место на табелата.
Стадион ФК Алборг (Алборг) Судија : Боби Мејден (Шкотска)
Стрелци: Албек 5м пенал, Свјаченко 25м, Кристиансен 19 и 37м, Хелениус 45м, Е.Ларсен 55м (Д), Стефан Спировски 28м, Несторовски 65м, Богдановиќ 68м, Таири 83м, Фазли 88м.
ДАНСКА: Н.Ларсен, Гунделах, Свјаченко, Вестергард, Киркесков, Слот(68м Бех), Е.Ларсен, Албек, Хелениурс (85м ), Кристиансен, Лаудруп. Селектор: Мортен Вигхорст.
МАКЕДОНИЈА: Гачевски, Брдаревски, Урдинов, Богдановиќ, Мециновиќ (46м Ристевски), Фазли, Несторовски, Хасани, Антонио Станков (35м Таири), Давид Бабунски ( 65м Хусмани), Спировски. Селектор: Бобан Бабунски.

Comments

Popular posts from this blog

БАБУНСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО ПОРТУГАЛИЈА

У-21: МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 0:1