У-21: Се отвораат шанси за „децата“ на Бабунски




Македонската фудбалска репрезентација до 21г. вчера гостуваше во Португалија каде одигра контролен дуел со домашната селекција во кој загубивме со 2-1.
Во меѓувреме се одигра уште еден натпревар во квалификациската група-4 за следното ЕП во која игра и нашата репрезентација. Фарските Острови направија уште едно изненадување одигрувајќи 1-1 со селекцијата на Данска.
Со ова се комплицираат работите и се отвора теоретска шанса, Македонија да се бори за второто место во групата со Србија и Данска кои на почетокот на септември ќе играат во Копенхаген во меѓусебен дуел.
Доколку Данска и Србија одиграат нерешено а ние ја совладаме селекцијата на Северна Ирска тогаш Македонија со победа во Белград во последното коло може да го освои најмалку второто место во групата. Истото важи и во случај на пораз на србите.
Доколку Србија победи во Копенхаген тогаш во последното коло е потребен кикс на данците на гостувањето во Северна Ирска.
Тоа се само дел од варијантите во кои едно е јасно. За да патуваме на ЕП во Израел ќе треба да извојуваме две победи во дуелите со С. Ирска и Србија на гостински терен.
Сега во пресрет на завршните средби е сосема јасно дека многу недостасуваат двата бода од гостувањето на Ф. Острови каде одигравме „само" 1-1 а веднаш потоа бевме поразени од Данска со 6-5.
На тие две средби селекторот Бобан Бабунски не можеше да смета на неколку стандардни играчи како Хасани, Фазли, Спировски, Ристовски , Урдинов....бидејќи селекторот Џон Тошак ги прекомандува во А-тимот за пријателските дуели со Португалија и Ангола.
Историската шанса за пулените на Бабунски останува отворена но дали таа ќе биде остварена без А-репрезентативците тешко е да се прогнозира бидејќи во тој термин стартуваат мундијалските квалификации за нашиот најдобар тим.

Comments

Popular posts from this blog

БАБУНСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО ПОРТУГАЛИЈА

У-21: МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 0:1