У-21: Бабунски објави список за Португалија




ПечатиPDF
u_21_kipar
Младата фудбалска селекција на Македонија до 21г на 14-ти август игра пријателски дуел во Португалија со соодветната домашна селекција. Селекторот Бобан Бабунски за оваа средба го соопшти следниот список на играчи.

ГОЛМАНИ
1 Ефремов Андреја 02/09/92 Ф.К Металург Македонија
2 Димитриевски Столе 25/12/93 ФК Кадиз Шпанија
ОДБРАНА
3 Ристевски Кире 22/10/90 Ф.К.Билиш Албанија
4 Цикарски Мите 06/01/93 Ф.К Вардар Македонија
5 Горгиевски Бојан 25/01/92 ФК Сконто Летонија
6 Дробаров Влатко 02/11/92 ФК Напредок Македонија
7 Станков Антонио 19/02/91 Ф.К Ос Холандија
8 Aшковски Стефан 24/02/92 Ф.К Партизан Србија
СРЕДЕН РЕД
9 Хусмани Зени 28/11/90 Ф.К Домжале Словенија
10 Mицевски Дарко 12/04/92 ФК Работнички Македонија
11 Фљамур Таири 24/11/90 Ф.К Теута Албанија
12 Рангелович Предраг 02/03/90 Ф.К Вардар Македонија
13 Најдовски Филип 13/09/92 Ф.К Напредок Македонија
14 Џелил Абдула 28/09/91 Ф.К Де Графшап Холандија
НАПАД
15 Георгиев Драган 06/12/1980 Ф.К Турново Македонија
16 Филип Тимов 22/05/92 Ф.К Импулс Ерменија
17 Христов Симеон 04/09/92 ФК Егри Унгарија
18 Елдис Бајрами 12/12/92 Ф.К Рапид Виена Австрија
Средбата се игра на стадионот „Мунисипал" во Понте Сор со почеток во 18ч (вторник). Собирот на репрезентативците е денеска, недела во 22ч во х. Белви. Експедицијата на пат заминува утре, понеделник и ќе одржи еден тренинг на „Мунисипал" во 19ч.
- Се надевам дека ќе продолжиме со истиот модел на игра како и досега во последните 3-4 години и покрај отсуството на 6-мина стандардни првотимци кои се прекомандувани во А-тимот. Имаме неколку квалитетни нови играчи кои ги имаат покажано своите квалитети во клубовите во кои настапуваат но очекувам заедно со стандардните во националниот тим да го подигнат квалитетот и учеството во играта бидејќи настапот во репрезентацијата е на повисоко ниво и изискува многу повеќе труд- изјави за веб сајтот селекторот Бобан Бабунски.

Comments

Popular posts from this blog

БАБУНСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО ПОРТУГАЛИЈА

У-21: МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 0:1