У-21: „Надежите“ тренираат во Копенхаген





Kopenhagen_1st
Селекцијата на Македонија до 21г, од вчера е во данската престолнина Копенхаген каде се подготува за следниот квалификациски дуел за ЕП со Ф.Острови.
Зад избраниците на селекторот Бабунски се 6 дена успешна активност на турнирот во Австрија, но целосната концентрација е насочена кон мошне важните квалификациски дуели со Ф. Острови и Данска.
Експедицијата е сместена во Олимпискиот комплекс во Данска, веднаш до стадионот на Бронби. За тренирање се користат вештачките терени на славниот дански тим кој несебично ги отстапи за тренинг на македонските репрезентативци.
Здравствениот билтен според д-р Ханџиски Зоран е одличен. Утринава беше одржан еден тренинг , а ќе се тренира и во попладневните часови.
Kompleks_bronbyst
И следните денови се планирани по два тренинзи а во меѓувреме се очекуваат играчите кои се во сениорскиот тим кои ќе допатуваат веднаш по натпреварот со Ангола.
Инаку во тимот владее одлична атмосфера, особено по вчерашното добро издание на „А" националниот тим во дуелот со Португалија кој репрезентативците го следеа групно на малите екрани со особено внимание на настапот на своите колеги од младата селекција.
Комплетната експедиција во Копенхаген ја користи оваа прилика да им го честита одличниот настап и постигнатиот резултат против една од најсилните светски селекции на сите „А" репрезентативци на чело со стручниот штаб.

Comments

Popular posts from this blog

БАБУНСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО ПОРТУГАЛИЈА

У-21: МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 0:1