Бабунски го соопшти списокот за следните средби



Е-поштаПечатиPDF
u_21_21052012_st
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 г. Бобан Бабунски денеска го соопшти списокот на играчи за гостувањето во Австрија каде ќе одиграме две контролни средби со Холандија и Албанија и за следните квалификациски дуели со Ф. Острови и Данска во гости.
Во рамките на подготовките за продолжението на квалификациите за ЕП и гостувањето на Ф.Острови и Данска не очекува интересен настап во Австрија каде ќе одиграме контролни дуели со Холандија и Албанија. Тоа е добра прилика за дел од играчите кои имаат помала минутажа како и некои помлади фудбалери родени 1992г да се наметнат со своите квалитети, особено што се работи за играчи кои ќе можат да играат и во следниот квалификациски циклус
За нас најважен е во овој момент дуелот со Ф.Острови каде ни е потребна победа за да влеземе со одлична позиција на табелата во пресметката со фаворитот во групата -Данска, меч кој се игра четири дена подоцна на 5. јуни. Очекуваме се да биде во најдобар ред со фудбалерите и по настапот во Португалија да ни се приклучат А-репрезентативците Спировски, Хасани, Ристовски, Фазли и Урдинов и во комплетен состав го одиграме најважниот дуел во овој дел од годината кој ќе не одржи во конкуренција за првите две места на табелата до септември кога се решава конечниот пласман- изјави за Веб-сајтот на ФФМ асистентот на Бабунски, Зоран Бошковски-Чоко.
НАТПРЕВАР: Холандија – Македонија , Албанија – Македонија
МЕСТО: Инсбрук
ПОЧЕТОК:19:00 со Холандија на 22.05; 16:00 со Албанија на 25.05
СТАДИОН: ШВАРЦ, Инсбрук

У-21 репрезентација

ГОЛМАНИ
1 Гачевски Филип 17/08/90 ФК Капфенберг Австрија
2 Димитриевски Столе 25/12/93 ФК Кадиз Шпанија
ОДБРАНА
3 Ристевски Кире 22/10/90 Ф.К.Билиш Албанија
4 Богдановиќ Горан 09/06/90 Ф.К.Работнички Македонија
5 Брдаревски Владица 07/02/90 ФК Работнички Македонија
6 Ашковски Стефан 24/02/92 Ф.К Телеоптик Србија
7 Горгиевски Бојан 25/01/92 ФК Сконто Летонија
8 Митревски Ристо 05/10/91 Ф.К Тетекс Македонија
9 Дробаров Влатко 02/11/92 ФК Напредок Македонија
СРЕДЕН РЕД
10 Силјановски Горан 01/07/90 ФК Ренова Македонија
11 Хусмани Зени 28/11/90 Ф.К Шибеник Хрватска
12 Mицевски Дарко 12/04/92 ФК Работнички Македонија
13 Најдоски Филип 13/09/92 ФК Напредок Македонија
14 Бабунски Давид 01/03/94 Ф.К Барселона Шпанија
15 Елдис Бајрами 12/12/92 Ф.К Рапид-Виена Австрија
НАПАД
16 Трајковски Александар 05/09/92 Ф.К Цулте Варегем Белгија
17 Алтипармаковски Маријан 18/07/91 Ф.К.Ксанти Грција
18 Несторовски Илија 12/03/90 Ф.К.Металург Македонија
19 Филип Тимов 22.05.1992 Ф.К Импулс Ерменија
20 Христов Симеон 04/09/92 ФК Егри Унгарија
Собирот за репрезентацијата е предвиден за 21.04.2012 во хотел Континентал до 12:00 часот.

Comments

Popular posts from this blog

БАБУНСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО ПОРТУГАЛИЈА

У-21: МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 0:1