У-21: Албанија – Македонија 2-2




ПечатиPDF
u_21_2
Младата репрезентација на Македонија денеска го одигра и вториот контролен натпревар во Инсбрук, Австрија против селекцијата на Албанија кој заврши без победник, 2-2. Избраниците на Бобан Бабунски одлично го отворија натпреварот и поведоа со погодокот на Александар Трајковски во 5-тата минута. Прoтивникот успеа да израмни на 1-1, 20-тина минути подоцна, но Давид Бабунски во 65-тата минута постигна еврогол и со својот првенец во оваа селекција повторно ја доведе Македонија во водство од 2-1. Албанија израмни во 85-тата минута за конечни 2-2.
Македонија на оваа средба настапи во комбиниран состав со цел да се одморат дел од првотимците од првата средба со Холандија но и да им се даде шанса на помладите па денеска дебитираше и Ашковски кој дополнително допатува во кампот во Инсбрук. Двете репрезентации имаа по 3 удари во рамките на голот и по 4 удари вон голот. Македонија ја имаше иницијативата на средбата а според статистиката доминираше со вкупно 74 напади наспроти 53 на противникот од кои во нашиот тим дури 44 напади донесоа опасност кон голот на албанците кои според информациите од стручниот штаб играле цврсто и се претставиле како снажен противник кој во играта наликува на репрезентацијата на Данска.
Селекторот Бобан Бабунски натпреварот го започна со следниот состав:
Димитриевски, Ѓоргиевски, Силјановски, Ристевски, Митревски, Мицевски, Бајрами, Давид Бабунски, Хусмани, Трајковски и Христов.
Во вториот дел настапија сите играчи со исклучок на Дробаров.
Ова е 15-ти меч на младата репрезентација без пораз на пријателски и квалификациски дуели. Утре експедицијата патува на Ф. Острови каде ќе го одигра следниот квалификациски дуел за ЕП (01.06-20ч).

Comments

Popular posts from this blog

БАБУНСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО ПОРТУГАЛИЈА

У-21: МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 0:1