Бабунски: Имаме стратегија која може да ги донесе посакуваните резултати


Бабунски: Имаме стратегија која може да ги донесе посакуваните резултати

bab3
Младата фудбалска репрезентација на Македонија успешно настапува во квалификацискиот циклус за ЕП 2013г. Селекторот Бабунски е свесен дека групата во која настапуваат уште Данска, Србија, С. Ирска и Ф. Острови е доста силна и квалитетна, но верува дека со квалитетна и упорна работа можат да се направат успешни резултати какви што во моментов постигнува репрезентацијата до 21г. која на 13 средби во серија постигнува позитивни резултати. Бабунски денеска од јавноста побара трпение но и поддршка за целосно спороведување на СТРАТЕГИЈАТА која предвидува создавање на македонски стил и модел на игра :
-Се обидуваме да креираме нова фудбалска свест кај нашите играчи во однос на менталитетот и пристапот кон играта и фудбалската идеја со имплементирање на модерен, офанзивен концепт и начин на игра. Анализирајќи ги натпреварите и статистиките во однос на посед на топка, создадени шанси, дејство на игра во зоните на теренот ( повеќе на противничката половина) , очигледно е дека има напредок од натпревар во натпревар.
Забележително е дека играчите веќе свесно на секој меч демонстрираат одважност, дрскост, свој стил, иницијатива и офанзива да се напаѓа постојано и играта да се движи во правец на притисок кон противникот, освојување на топки, а не да се чека за да видиме што ќе ни остави или дозволи противникот да одиграме.
Градејќи свој стил на игра, своја идеја и интенција да се наметнат модерните трендови во компактност на екипата на цел натпревар во сите фази се обидуваме да спроведеме:
- Константна пресија по можност подлабоко во противничката половина и одбрана, подалеку од нашиот гол.
bab2
- Синхронизирано и рамномерно придвижување на сите линии во тимот во сите правци на нападот и одбраната и без разлика кој е противникот, се настојува секогаш со истата офанзивна идеја во секој момент на натпреварот, со голема концентрација и подготвеност да се задржи концептот на игра.
- Неопходно е да се реализираат одредени активности или чекори во однос на создавање на една победничка генерација која ќе може да ја оствари целта , да се оди на некој завршен европски или светски турнир.
- Нашата основна идеја , анализирајќи ги речиси сите натпревари во изминативе 10 години на нашите селекции е ориентирана во:
СОЗДАВАЊЕ НА РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН МАКЕДОНСКИ МОДЕЛ НА ИГРАЧ КОЈ НА ЕДЕН НАТПРЕВАР :
-Ќе мора да истрча преку 10 километри.
-Ќе мора да изведе минимум 40-50 точни додавања (кратки, долги топки, удари на гол, водење на топка, удари со глава, едноставно 50-на активни дејствувања во допир со топка за време на натпревар).
Во зависност од позицијата секој играч мора да работи во одбрана и да одземе 5-15 топки од противникот.
- Напаѓачите да учествуваат во одбрана и во организација на игра, покрај основната функција да даваат асистенции и голови.
- Играчите од одбраната мораат активно да учествуваат во организацијата на играта и нападот покрај дефанзивните функции.
- Средните играчи како најуниверзални ќе мора да ги извршуваат сите овие задачи како и голманот кој мора да биде постојано активен и во движење. Да биде господар во 16-тникот и да реагира на сите нафрлени топки, да биде прв во иницијативата да се расчистат или да ги прифати.
- Македонскиот репрезентативец мора да демонстрира огромна желба за работа, иницијатива за офанзива и дефанзива, огромна желба за надигрување и победа со цел да ја мотивира но и забавува публиката која што доаѓа на натпреварите и да биде во носечка улога на самиот меч без оглед на името и рејтингот на противникот....
Македонскиот репрезентативен модел на играч мора да поседува најмалку два високи стандарди за постигнување врвни резултати: Талент, техника, физичка подготовка,позитивен ментален карактер....
bab1
Ние во младата репрезентација постојано се стремиме кон нашата идеална сцена за интелегентен македонски репрезентативец кој ќе ги содржи сите овие карактеристики без оглед на неговите достигнувања во минатото, неговото име или неговата моментална состојба во клубот во кој настапува...За тоа постои и стручен тим кој постојано работи на теренот и ги прави потребните анализи и креира статистички податоци за прикажаното од страна на фудбалерите иако за жал сме свесни дека недостасува поголема конкуренција на квалитетни и талентирани играчи на одредени позиции.
Македонскиот репрезентативен модел бара од секој играч да го почитува колективниот дух, да ги почитува функциите и задачите на групата пред индивидуалните истакнувања...Секако неминовен резултат е дека на тој начин доаѓаат последователно до израз индивидуалните квалитети на секој поединец....
Во фудбалот ништо не е случајно и се надевам дека тоа го следат и вистинските познавачи на фудбалската игра кои забележуваат нов квалитет во играта на младата селекција чиј квалитет од натпревар во натпревар оди во нагорна линија, за што потврда се резултатите, игра која ни дава огромна надеж и желба дека сепак сме на прав пат да го создадеме она што можеби е најтешко во фудбалската игра како основа за успех- Да создадеш свој стил и модел на игра- за да ги постигнеме поставените цели и пред се посакуваните резултати.
Бобан Бабунски ,
селектор на репрезентација на Македонија до 21г.

Comments

Popular posts from this blog

БАБУНСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО ПОРТУГАЛИЈА

У-21: МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 0:1