БАБУНСКИ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО ПОРТУГАЛИЈА


Posted on мај - 14 - 2014


Селекторот на националната репрезентација до 21 година, Бобан Бабунски го објави списокот на играчи на кои смета за квалификацискиот натпревар против Португалија од циклусот за пласман на Европското првенство во Чешка 2015 година. Натпреварот се игра на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје на 23 мај со почеток во 18.00 часот. За пресметка против Португалија од тековните квалификации, Бабунски повика 22 фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски (Гранада, Шпанија), Игор Алексовски (Македонија ЃП)

Одбрана: Кристијан Тошевски (Тетекс), Дино Најдоски (Работнички), Ѓорѓи Зајков (Работнички), Александар Дамчевски (Черноморец, Бугарија), Висар Муслиу (Ренова), Леонард Жута (Хакен, Шведска), Стефан Ашковски (Напредак, Србија), Егзон Бејтулаху (Шкендија)

Среден Ред: Филип Петревски (Норткоут Сити, Австралија), Мартин Блажевски (Вардар), Бесмир Бојку (Македонија Ѓ.П), Бобан Николов (Виторија Констанца, Романија), Даниел Аврамовски (Македонија Ѓ.П), Дарко Мицевски (ОФК Белград, Србија), Дарко Велковски (Работнички)
Напад: Дориан Бабунски (Реал Мадрид, Шпанија), Марко Симоновски (Металург), Маријан Радевски (Металург), Кире Марковски (Работнички), Фахрудин Ѓурѓевиќ (Македонија Ѓ.П)

-Списокот на играчи за овие натпревари е направен во корелација со селекторот на А репрезентацијата, селекција која ги почнува подготовките за квалификациите за Европското првенство. Селектираните фудбалери во репрезентацијата до 21 година ќе имаат можност да покажат дека во моментот се во најдобра форма. Одбравме играчи кои имаат континуитет во младите селекции, некои од нив дополнително добија македонски пасош и се надеваме дека со игрите кои ќе ги прикажат во младата репрезентација во блиска иднина ќе се наметнат и во најдобриот состав. На првиот натпревар во Португалија бевме рамноправни во поголемиот дел од дуелот, имавме свои шанси и за позитивен резултат, но не успеавме да ги искористивме. Против Португалија во Скопје ќе се обидеме да направиме подобра рамнотежа во средниот дел на теренот која би ни овозможила оптимално функционирање на сите линии во тимот. Тоа е нешто кое со години се обидуваме да го решиме, а ние во младата репрезентација се обидуваме тој клучен момент да го компензираме со многу повеќе движење во сите линии и бараме играчите да придонесуваат во сите фази на играта посебно во крација и дефанзива со цел да си овозможиме повеќе ситуации за евентуална реализиција. Што се однесува до натпреварот со Катар ќе имаме можност да им дадеме шанса на повеќе играчи кои веќе играат стандардно во своите клубови и ќе бидат носители на играта на македонската селекција во иднина, изјави селекторот на младата репрезентација, Бобан Бабунски.
U21 web
Во групата 8 од квалификациите за Европското првенство, Македонија по пет одиграни натпревари е на четвртото место со една победа (Азербејџан 1:0), реми (Азербејџан 0:0) и три порази (Норвешка 2:1, 1:3 и Португалија 2:0). Покрај домашниот натпревар со Португалија, Македонија до крајот од квалификациите ќе се соочи со Израел на 13 август во Скопје и на 9 септември на гостински терен во последниот натпревар.
На 27 мај 2014 година во германски Ахен, репрезентацијата на Македонија ќе одигра контролен натпревар против селекцијата до 21 година на Катар. За составот и текот на подготовките, селекторот Бобан Бабунски дополнително ќе информира.

Comments

Popular posts from this blog

У-21: МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 0:1